Македонскиот автомобилски сектор е пред нови предизвици поради германската криза
Компаниите од автомобилскиот сектор на "штрек" од импактот на германската криза. Од следната недела во "Фолксваген" е најавен штрајк на вработените, а под притисок се и германските но и европските производители на возила поради неконкурентност на пазарот. Рано е да се прогнозира во колкави размери би била погодена македонската економија но веќе кај голем дел компании се чувствува влијанието.Нарачките се намалени за 10 до 30 проценти.
Периодов компаниите треба да бидат особено внимателни. Според Мизо креирањето конкурентност на пазарот преку нови проекти и во момент на криза се покажало како добро решение.
Инаку досега секогаш кога германската автомобилска индустрија била во криза тоа негативно се одразувало врз стопанствата на земјите на Балканот. Праксата покажува дека првата мерка е отпуштање на работници особено во фарбиките кои извезуваат за тамошниот пазар.