Македонски автобус се преврте во Србија – повредени 26 патници
Foto

Македонски автобус се преврте во Србија – повредени 26 патници

Тргнале на еднодневна екскурзија завршиле во болница. Македонски автобус со патници од Македонија кој утрово тргнал за да стигне во Копаоник, се превртел на патот Блаце – Белољин во Србија.

Причината за сообраќајната несреќа допрва ќе се утврдува. Според информациите на МНР,  повредени се 26 лица, од кои 18 биле згрижени  во болницата  во Блаце  а истите се пуштени на домашно лекување, додека 8 во болницата во Прокупље. Од МНР информираат дека:

„Згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокуље е потешко повредено. Засега се сите контактибилни, но за секој случај  во болницата во Прокупље  се врши  и компјутерска томографија за да се утврди  прецизно состојбата на повредените.“ - велат од МНР.

Од здравтсвениот дом во Блаце, каде биле згрижени 18 лица, 3 од нив се во потешка состојба, но сите се надвор од животозагрозувачка опасност вели за ТВ24 директорот на здравствениот дом „Блаце“.

„После пријавата за сообраќајна несреќа, односно информацијата дека се превртел автобус на патот Блаце – Бељолин, екипита на првата помош на здравствениот дом Блаце веднаш заминаа на местото на несреќата и донесоа 18 повредени патника. Сите беа згрижени во здравствениот дом Блаце. Тројца се најверојатно со тешки повреди кои не се опасни по живот, а 15 патници најверојатно се со полесни повреди. Сите се испратени во општата болница во Прокупље на понатамошно лекување.“ - изјави за тв 24 во телефонски разговор д-р Радолуб Дуниќ – директор на здравствен дом Блаце.

Според фотографиите коишто се пренесени од сообраќајната несреќа може да се забележи дека  превртениот  автобус го носи логото на туристичката агенција „ Камелија травел “. ТВ 24 се обиде да стапи во контакт со агенцијата  преку телефоните кои што се објавени на нивната  веб страница но никој не одговори на повиците.

Според Министерството за економија, оваа агенција има добиено А лиценца за работа од 2011 и истата се уште е важечка. Дополнително, ТВ 24 побара став од Дражвниот пазарен иснпекторат од каде рекоа дека засега за агенцијата немаат поплаки.

„Од наша страна ќе бидат преземини сите законски мерки од вршење контрола.  Мора да причекаме и дали некој воопшто ќе се пожали на сето тоа и дали ќе поднеси претставка до  пазарен инспекторат. “ - вели Стојко Пауновски – директор на „Државен пазарен инспекторат“.

Според МНР кое се повикува на неофицијални информации од болницата во Блаце, патниците биле претежно од Радовиш, и во однос на истрагата ќе дадат подетални ифнормации кога истата ќе заврши и ќе се знаат причините за настанатата сообраќајка.

0 Коментари

Остави коментари