Македонски автобус остана без покрив, удри во надвозник кај Пловдив (фото)
Foto

Македонски автобус остана без покрив, удри во надвозник кај Пловдив (фото)

Македонски автобус остана без покривот откако возилото удри во надвозник во близината на бугарскиот град Пловдив.

Бугарските медиуми јавуваат дека утринава околу 7 часот возачот на автобусот не го забележал знакот со предупредување дека висината на надвозникот е 3.3 метри.

Среќна околност е дека нема настрадани во незгодата, оти во автобусот биле само двајцата возачи.

Причинета е голема материјална штета.

Foto

0 Коментари

Остави коментари