Македонската репрезентација загуби од Словенија на ЕП за кадети

Македонската кадетска репрезентација попладнево во Белград загуби од Словенија со 33:30 во првиот свој натпревар на Европското првенство 2026.

Македонските млади ракометари одиграа одлично прво полувреме и на пауза заминаа со шест голови предност 918:12).

Сепак не издржаа во второто полувреме и на крајот загубија.

Во второто коло, веќе утре македонската репрезентација ќе се соочи со Франција.