Македонската репрезентација У-19 ги доби ривалите за место во Елитна фаза за ЕП
Foto

Македонската репрезентација У-19 ги доби ривалите за место во Елитна фаза за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе игра во групата 5 со Чешка, Данска и Албанија во квалификациите за пласман во Елитна фаза за Европско првенство.

Квалификацискиот турнир ќе се игра во Чешка од 7 до 10 октомври 2020 година.

Селекторот Шкумбин Арслани смета дека неговите избраници имаат реални шанси да обезбедат место на едно од првите две места во групата.

– Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Противниците се доста сериозни и навистина треба добро да се подготвиме доколку сакаме да минеме во Елитна фаза квалификации. Имаме доста време за анализа и подготовка, а за мене е значајно ние да бидеме максимално подготвени и во полн состав. Данска е фаворит, Чешка игра на домашен терен, но за нас тоа не менува премногу. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации кои ќе обезбедат место во следната фаза за Европско првенство, изјави Шкумбин Арслани за веб-страницата на ФФМ.

0 Коментари

Остави коментари