Македонската ракометна репрезентација со прв пораз во квалификациите за Европското првенство
Македонската ракометна репрезентација денес го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, откако Португалија во „Борис Трајковски“ славеше со 23:29.
Првите минути од натпреварот донесоа борбена игра со малку голови. Ние го отворивме натпреварот со голот на Џонов, а Португалците изедначија во петтата минута по два промашени напади. По промашените напади и на двете страни, Португалците почнаа да погодуваат, а нас Филип Кузмановски со два гола не одржуваше резултатски блиску до Португалците. На истекот на 10-тата минута гостите имаа предност од 3:5.