Македонската карате-репрезентација на Медитеранското првенство во Тунис

Македонската карате-репрезентација денеска и утре ќе настапи на Медитеранското првенство во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција (поединечно и екипно), кое се одржува во тунискиот град Радес.

Во конкуренција на 19 држави со 447 каратисти, боите на Македонија ќе ги бранат 22 каратисти (21 во борби и една натпреварувачка во кати), а екипно ќе настапат и четири екипи, од кои две во јуниорска и две во сениорска конкуренција во обете конкуренции. Репрезентацијата ја предводат селекторите Александар Кузмановски (борби) и Берат Јакупи (кати).