Македонската футсал репрезентација против Финска ги стартува мундијалските квалификации

Македонската репрезентација во футсал ја започнува трката за пласман на Светското првенство во футсал 2028 година.

Националниот тим в петок ќе го одржи собирот пред премиерниот квалификациски натпревар против Финска, што ќе се одигра на 10. ноември на гостински терен во Ванта.

Селекторот Газмед Хисејини го објави списокот на повикани играчи за овој натпревар, кој е дел од главната рунда на европските квалификации за Светското првенство во 2028 година.

Антонио Петровски (голман), Иван Стојановски (голман), Марио Благојевски, Јасир Зекири, Берат Рамадани, Јакуп Рамадан, Наум Блажевски, Бојан Јанев, Таулант Исмаили, Абдил Кадир Јахја, Иван Крстевски, Садат Зибери, Илјаз Чилјафи, Игор Леовски;

Македонија е во групата 4 од главната рунда на квалификациите, во која претходно Шпанија ја совлада Финска со 3-1.

До крајот на календарската година, македонската репрезентација на 8 декември во Куманово ќе ја пречека Шпанија, по што во февруари идната година ќе ги одигра двата завршни натпревари.ег

Пласман во елитната рунда ќе обезбедат 12-те победници на групите и четирите најдобро пласирани второпласирани репрезентации. Останатите осум второпласирани селекции ќе играат дополнителен бараж, од кој четири репрезентации ќе се пласираат во елитната рунда. Оттаму, патот до Светското првенство продолжува преку елитната рунда и завршните бараж натпревари.