Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена на гостувањето кај Белгија

Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена на гостувањето кај фаворизираната Белгија.

Одличниот Столе Димитриевски беше нерешлива енигма за белгиските напаѓачи, па по гостувањето во Гент , Македонија го задржа првото место во групата.

По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови еден повеќе од Белгија која има 11, додека Велс е трет со 10 бодови но овие репрезентации имаат и натпревар помалку.

Со тоа, фудбалерите на Македонија се уште можат да сонуваат историски пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексиско следната година.

Во следното коло в понеделник, Македонија го пречекува Казахстан и со победа против оваа репрезентација Македонија речиси сигурно ќе обезбеди пласман барем во баражаот за пласман на СП.