МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЧЕКОР ДО БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО
Foto

МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЧЕКОР ДО БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Македонската фудбалска репрезентација ја дели само бод до бараж за пласман на Европското првенство 2020та.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски синоќа во Вадуц го совладаа Лихтенштајн со 2-0 и остана на врвот со плус три бода предност од Ерменија во пресрет на мечевите од последното коло во групната фаза. В понеделник се игра последното коло, а на Македонија доволно ќе и биде и реми на домашниот дуел со Гибралтар за сигурен бараж за еп, a со самото тоа и промоција во ц-лигата. Натпреварот се игра на арената „Филип Втори“ од 20.45 часот.

0 Коментари

Остави коментари