Македонската фирма вмешана во скандал со 5 тони марихуана ја чува полиција
Телевизија 24 денеска беше до фабриката АлфаФарм која е вмешана во сканадалот со запклена на 5 тони марихуана во Србија во близина на Крушевац. Таму, наидовме на полициско обезбедување
Од македонското министерство за внатрешни работи и после три дена од големата акција во соседна Србија не соопштуваат детали. Од основното јавно обвинителство информираа дека веќе е оформен предмет.
ОЈО
- Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Македонија со овој случај со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност.
За разлика од нашите истражни органи, од српското јавно обвинителство споделија повеќе детали. Оттаму информираа дека покрената е истрага против петмина осомничени, а на тројца од нив им е веќе определен притвор. Тие се товарат за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги. Според нив, потеклото на запленетата марихуана е од Македонија.
- Оваа организирана криминална група делувала во меѓународни рамки, така што од почетокот до крајот на јануари 2026 година, на територијата на Македонија набавила пет тони марихуана
Од она што досега е познато марихуаната преку државната граница ја пренесувал косопственикот на фабриката во Македонија Иван Драгниќ , кој ја доставувал до складиштето на Раде Спасојевиќ и Небојша Спасојевиќ , од каде за понатамошна продажба ја преземал Урош Младеновски .
Според Обвинителството организаторот на криминалната група, Александар Мијајловиќ е во бегство. Останатите осомничени на сослушувањето се бранеле со молчење.
Сопругата на еден од осомничените во изјава за српска Република рече дека не знаела дека дома чуваат марихуана.
сопруга на еден од осомничените
- Тие се колатерална штета. Синот и сопругот знаеа, ама само требаше да ја причуваат пратката на неколку денови, некој друг требаше да дојде да ја преземе пратката
Покрај марихуаната, полицијата запленила и 4 автоматски пушки, рачен фрлач и повеќе од 1,5 милиони динари, а вредноста на дрогата се проценува на околу 50 милиони евра.

