Македонската филхармонија со „Моја љубов“ по повод Денот на вљубените
Foto

Македонската филхармонија со „Моја љубов“ по повод Денот на вљубените

Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот „Моја љубов“ посветен на Денот на вљубените.

Под диригентство на маестро Борјан Цанев, ќе бидат изведени популарни теми, инструментални, но и вокални композиции кои се искористени во култни филмски остварувања, а кои пејат за љубовта, страста, вљубеност.

Како солисти ќе настапат Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон).

Љубителите на добрата музика ќе имаат можност да ги слушнат вечните композиции кои ги испеаја славните грла на Чет Бејкер, Ела Фицџералд и Нина Симон, Стинг или Паоло Конте, филмски теми на култните Енио Мориконе, Нино Рота, Крег Армстронг, Геби Верлор („Малена“, „Ромео и Јулија“, „Високи потпетици“) или оние на современите вокалистки и авторки Мишеле Гуревич и Ковач кои во последните години ја стекнаа светската популарност… За оригиналните оркестрации, специјално направени за овој настан, се погрижи македонскиот врвен композитор Владимир Николов.

Музиката ќе биде збогатена со танцот и кореографијата на Ивана Коцевска и Јована Зајкова, како и со уникатен светлосен дизајн.

„Моја љубов“ требаше да се одржи на 14 февруари, но се одложи за вечерва поради трагичната сообраќајна несреќа и прогласените денови на жалост во земјава.

0 Коментари

Остави коментари