Македонската економија во вртлогот на украинската војна

Европа во застој, Македонија во минус - руската инвазија во украина удри по светската економија. Растат цените на железото, репроматеријалите, нафтата. Ценовен шок во најава и во Македонија. Нагоре оди и градбата. Ќе каскаат капиталните инвестиции, а цените на становите до плафон. Недостиг на ѓубрива, жито, сончоглед. Ќе предизвика ли и недостиг на храна? Македонската економија во вртлогот на украинската војна.

24 Отворено со Павле Гацов, економски аналитичар, Ивица Јакимовски од Градежната комора, Дрилон Исени извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Крешник Бектеши, министер за економија.