Македонска премиера на “Кајмак“ на Манчевски

По Токио и Тајпеј, „Кајмак“ на Милчо Манчевски дојде дома. Македонската гала-премиера на „љубовната приказна за возрасни“ во Македонска Филхармонија. Претходно, од 19, 40 часот, гостите позираа на црвениот килим.  

Веќе од утре, четврток, „Кајмак“ почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја. Киноприкажувањето низ Македонија започнува во четврток, 17 ноември и закажано е во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември. Во Скопје од 17 ноември филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.