Македонија во предизборие: чија политичка кариера ќе заврши во Чаир?

Бело знаме за локалната трка – претседателот на Собранието Гаши, в сабота на 9ти август, ќе ги распише локалните избори.

Првиот круг ќе се одржи на 19ти октомври, а вториот на 2 ноември - во оние општини, каде што нема да бидат избрани градоначалници. Кампањата, ќе стратува на 28 септември и ќе трае точно 20 дена – се до изборниот молк. 

И додека Собранието  се спрема да притисне пауза на пленарните и комисиски седници за да не се злоупотребува парламентарната говорница за изборна кампања - политичките партии веќе на терен , експертите пак децидни - ќе има жестока кампања налик на трка за парламентарни избори. Аналитичарот Незири вели дека и македонските и албанските партии, највиското на агендата пласираат теми со националистички наративи, со единствена цел – мобилизација на гласачи. 

3мин Џелал Незири аналитичар – Гледаме теми кои се повеќе, се поврзани, со билатералните прашања, како тој со Бугарија, или со теми - како легитимитетот кај Албанците, дебати кои што се водат во албанскиот блок, а не – кој град и која општина има потреба од повеќе паркинг простори, дали просторот за пешачите е намален или треба да се прошири, дали водоснабдувањето во конкретна оптштина е решено или канализацијата. Сведоци сме дека веќе се води кампања како за парламентарни избори, а не за локални избори. 

Најжестоката битка се очекува во Чаир. Таму копјата ќе ги судрат двајцата поранешни сопартијци и функционери на ДУИ, а експерите порачуваат – нечија политичка кариера ќе биде завршена. 

4.50Џелал Незири аналитичар – Бујар Османи се смета за иден претседател на ДУИ – наследник на Ахмети, додека Изет Меџити е проектиран на некој начин,  како лидер на коалцијата Влен – која е сочинета од неколку политички партии. Таму најверојатно ќе заврши некоја политичка кариера – дали на Меџити, дали на Османи, тоа се очекува да се види. Момент, кој потоа ќе има влијание и врз политичките текови и после изборите. Дали Влен ќе биде во некоја криза за лидер или лидерство или пак таа криза ќе се одрази во ДУИ во случај Османи да ги загуби изборите. 

Во трката за главниот град – официјално во игра влегуваат актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, ексминистерката Каја Шукова од СДСМ, Скендер Реџепи од Европскиот Фронт и Башким Бакиу од Вреди. И Левица ќе влезе во трката за прв човек на Скопје, но засега не го открива својот адут. 

На денот на распишувањето на изборите се очекува ДИК на јавна седница  да ги утврди поважните рокови за изборните дејствија. Партиите, своите кандидати за градоначаланици и советници, треба да ги пријават во Општинските изборни комисии, најдоцна 35 дена пред изборите. Ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и градот Скопје.. Еден ден пред гласањето- на 18 октомври, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците. Дијаспората нема да гласа.