Македонија во портокалова фаза од понеделник дожд
Драстичните промени на температурите и топлото време го зголемија обемот на работа на лекарите.
Велат постои зголемена опасност од мозочни и срцеви удари кај повозрасните и хронично болните но на удар е и поомладата популација. Најопасен е преминот од ладно на топло време, предупредуваат лекарите.
„Посебно треба да внимаваат во овие денови хроничните болни да не излегуваат непотребно на сонце во периодот од 10 до 5 часот редновно да ја примаат терапијата која што им е препишана од матичниот лекар или од соодветен специјалист. Деновиве имаме зголемен број на пациенти коиј што доаѓаат во ургентниот центар во 8 сепрември и побаруваат хоспитализација во единиците за мозочен удар и интензивно лекување.“ - вели Ана Донева раководител на оделение на неврологија.
Лекарите апелираат да не се излегува на сонце бидејќи топлотниот бран доведува до дехидратација и ја намалува функционалноста на организмот.Тие велат посебно да внимаваат овие денови хроничните болни и да не излегуваат на сонце во период од 10 до 17 часот.
Скопјани спасот од пеколните горештини го бараат на планина. Водно е најпосетената дестинација.
„Ние комшииве обично седиме пред зграда и разговараме разни теми и последниве денови ужас е долу и не се седи, па тие па тие муабети ние си ги префрливме на Водно во ладовина овдека.“ „Скопје без Водно не го бива“.
„Да многу нормално доле е пекол тука е милина.“
„50% е подобро овде, доле е пекол.“.
„Горе во Скопје никако, што барам во Скопје.“
Од Црвениот Крст велат дека во овие три дена со нивната екипа делат вода и совети за граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран. Направиле транспорт на три изнемоштени лица затекнати на автобуските постојки.
„Трите дена дваесет волонтери од тимот за одговор при катастрофи на главните автобуски постојки делат вода и совети за граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран до сега се поделени над 1500 шишиња вода исто така се направени три транспорти станува збор за стари изнемоштени лица кој се затекнати на фрекфентни автобуски постојки кој што се директно изложени на сонце.“ - велат од Црвен крст.
Од управата за хидрометеролошки работи велат дека температурите од следната недела ќе опаднат, а викедов остануваат пеколно жешки температури.
„По нестабилно очекуваме да биде од понеделник кога во попладневните часови честа појава на пороен дожд и грмежи локално во форма на невреме со интензивен проен дожд силен ветер и појава на град.“ - вели Ивана Петровиќ од УХМР.
Сахарската прашина која што пристигна во Македонија дополнително го загади воздухот. Земјава се уште е во портокалова фаза поради што на сила се препораките за ослободување од работа на најранливите групи на население.