Македонија во пламен: Активни повеќе пожари
Прва жртва од пожарите во Македонија - најдено изгорено човечко тело по пожарот кај Лепенец.
Над 70 тони вода се исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце, информираа од Министерството за внатрешни работи.
– Во рамки на денешните активности на полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптери на единицата за полициски намени Бел 412 и Агуста бел 212 што се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце, во 55 налети исфрлени се повеќе од 70 тони вода. - појаснија од Министерството за внатрешни работи.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции. Лично на терен се директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои обезбедуваат директна поддршка и координирано делување на сите ангажирани служби.
Се работи за пожарот во атарот на селото Блаце, општина Чучер Сандево.
Поради висок ризик, ноќе не е препорачливо и е доста ризично да се гаси пожар на отворен простор, особено по ридови. Во текот на ноќта се штитат само објекти, домови, инфраструктура и се преземаат мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето.
На терен се ангажирани неколку екипи со повеќе возила кои активно гаснат и се обидуваат да го пресечат пожарот за да не се прошири кон куќите во селата. Вечерва тоа е приоритетната задача.

