Македонија во летни горештини, температури над 40 степени
Македонија го живее вториот ден со екстремни жештини за овој период од годината и во портокалова фаза која алармира на опасност од високи температури.
Улиците полупразни, луѓе на отворено само оние кои што имаат неодложни обврски, тешко се функционира но мора да излеземе, се разладуваме под сенка и со течност, велат оние кои ги затекнавме на отворено. Афричкиот жежок бран им донесе полни раце работа на единиците за Брза Помош, тие со свои препораки како населението да се справи со жештитните..
750 литри вода се поделени на случајните минувачи само во последните три дена од страна на волонтерите во црвен крст, тие ќе бидат по улиците додека не олабават температурите. Не само луѓето мака со енормно високите температури мачат и животните од скопката зоолошка градина од каде споделија симпатично видео на интернет каде нивните жители се разладуваат со сладолед од замрзнати овошја.
Какви се прогнозирањата за временските состоби на територијата на Македонија од УХМР?
Со почетокот на новата недела се очекува да има опаѓање на тепературите до четврток живата на термометарот ќе се движи околу 35 от степен односно 5 до 6 степени помалку од моменталните, дотогаш препораките се: пиење течности што повеќе за хидратација и разладување на телото и користење на заштитни креми за откриените делови на телото поради високите вредности на У-ВЕ индексот: