Македонија убедливо поразена од Австрија
Foto

Македонија убедливо поразена од Австрија

 Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на националната арена „Тодор Проески“ беше убедливо поразена од Австрија со 1:4 (1:1) во квалификациски дуел за ЕП 2020.

Избраниците на Игор Ангеловски беа целосно надиграни од Австрија, која создаде многу повеќе шанси и го диктираше темпото на игра, а неколкуте интервенции на Столе Димитриевски придонесоа резултатот да не биде уште покатастрофален.

„Црвено-жолтите“ поведоа во 18-тата минута со автогол на Хинтерегер, а потоа се беше во знакот на гостинот. Изедначувањето дојде во 39-тата минута, кога Валентино Лазаро успеа да погоди со волеј по една нафрлена топка од Лаимер.

Во 62-та минута Бејтулаи направи пенал врз Сабитцер во шеснаесетникот, а Арнаутовиќ реализираше за пресврт (1:2). Напаѓачотна Вест Хем својот втор гол го постигна во 82-та минута, откако со глава пресретна топка на Сабитцер, а на пет минути до крајот Лаимер ги постави конечните 1:4.

Македонија по 4 кола има четири бода на табелата во Групата „Ц“ и моментално е на претпоследното петто место. Циклусот квалификации продолжува на 5 септември, со гостување кај Израел.

 

0 Коментари

Остави коментари