Македонија со судска пресуда за договорот за Окта ќе мора да плати 25,6 милиони евра
Адвокатскиот тим на земјава кој не застапува пред Арбитражниот суд во Париз успеал за 50 проценти да ја намали сумата која треба да ја платиме за непочитување на договорот со Окта. Земјава требало да плати околу 43 милиони евра со камати, а со пресудата вкупната сума е 25,6 милиони евра.
Ова е реакцијата на владата откако Арбитражниот суд во Париз пресуди земјава да плати висока казна бидејќи во периодот 2008-2011 година го прекршила договорот со Окта и не купувала доволно количини односно по 500.000 тони мазут. Пресудата пред два три дена стиганал во Владата, но први ја објавија грчките медиуми.
Додека Андонов објасни премиерот Ковачевски се воздржа од коментар. Рече дека владата ќе го разгледува случајот и ќе преземе чекори.
Грчките медиуми пак објавија дека парите кои Македонија ќе и ги исплати на Грција ќе бидат искористени за модернизација на нафтоводот Солун Скопје. Нејасно е како вложувањето на отштетата во продуктоводот Солун-Скопје ќе влијае врз сопственоста бидејќи Македонија има 20 % удел во компанијата која стопанисува со продуктоводот, додека Окта односно Хеленик има 80 %. Андонов рече дека за тоа во моментов не се разговара.
Со реакција излезе и ВМРО-НП чиј лидер Љупчо Георгиевски во 1998-ма година беше на чело на владата на ВМРО-ДПМНЕ која ја продаде ОКТА на Хеленик Петролеум со обврска во наредните 20 години, Македонија да увезува по 500 илјади тони мазут годишно, Количини кои беа оценети како преголеми за државата, а и еколошки неприфатливи. Велат казната не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од наша страна. Прстот го вперија во уставниот суд.
- На една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Северна Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори, иако низ сите други случаи на меѓународни договори во кои има стапено Македонија, се има прогласувано дека е ненадлежен. - велат од ВМРО-НП.
Инаку ова е втора казна што ја плаќа земјава за непочитување на договорот со окта кој долги години беше оценуван како штетен. Претходната пресуда на Арбитражниот суд беше на 40 милиони евра.