Македонија со сета сила против Словенија
Foto

Македонија со сета сила против Словенија

Добра вест за машката ракометна репрезентација на Македонија пред првиот натпревар на Европското првенство во Дебрецин. Сите членови на делегацијата се негативни на последното тестирање за коронавирусот.

Селекторот Кирил Лазаров на располагање ќе ги има сите ракометари кои ги поведе во тимот. Сега на него останува да одлучи со кој состав ќе истрча попладнево, 18 часот против Словенија во „Феникс" арената.

0 Коментари

Остави коментари