Македонија со четири претставници на ЕП во Острава

Четири македонски пингпонгари и пингпонгарки ќе учествуваат на Европското првенство во Острава, Чешка. Македонија ќе ја претставуваат: Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски во категорија М15 и Софија Хасану и Лука Стојчев во категорија М19. 

Македонските репрезентативци настапуваат во поединечна категорија, во конкуренција на двојки и во мешани двојки и настапот им започнува на 16.јули, кога е предвиден делот за поединечните натпреварувања. Македонскиот тим е предводен од селекторот Милош Миленковиќ.

Со настапот на овој шампионат продолжуваат настапите на младите македонски пингпонгари и пингпонгарките на европските првенства.