Македонија симната од дневен ред на седницата во бугарското собрание - Милков не се појави

Бугарскиот еврпратеник Џамбаски со нови провокации - Македонија е бугарска, му порача на шефот на државата. „Нема да се избрише вистината“, напиша на фејсбук како одговор до претседателот Пендаровски, кој вчера се изјасни дека на Советот за безбедност предложил забрана за влез во земјата за Ангел Џамбаски и уште неколку бугарски државјани, поради дејствија што претходно ги презеле и сè уште ги преземаат против нашата држава.

- Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. За тоа заслугата е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината. - напиша Ангел Џамбаски европратеник.

Пендаровски кажа дека според сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик и дека организирани структури во Бугарија се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање во Скопје на лица, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон Македонија.

А денеска од дневен ред во бугарското народно собрание е симната темата Македонија. Причината е тоа што министерот за надворешни работи на Бугарија, Милков не се појавил.Тој требаше да ги образложува деталите за нападот на Христијан Пендиков во Охрид. Вчера во обраќање на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, во Брисел, Милков говорел за најнововите случувања меѓу Македонија и Бугарија и за инцидентот во Охрид.

Потпретседателот на бугарското Собрание, Кристијан Вигенин денеска пак ги повика властите и партиите во Макеоднија да се воздржат од изјави кои не водат кон решавање на проблемите меѓу Скопје и Софија. Го повтори и ставот на неговата партија БСП, дека ветото кон македонските преговори воопшто не требало да се укине.

Вигенин најави и дека неговата партија ќе инсистира за инцидентот од четвртокот во Охрид да бидат информирани Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.