Македонија се спаси од пораз од Грузија
Foto

Македонија се спаси од пораз од Грузија

Во натпреварот од 4. коло од Лигата на Нации вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, Македонија одигра нерешено 1:1 против репрезенацијата на Грузија. Првото полувреме пмина без пголеми возбудувања, а головите за двете репрезентации дјдоа во второто полувреме.

Најпрво во 68. минута црвен картон заработи нашиот голман Столе Димитриевски кој играше со рака надвор од шеснаесетникот. Половина час, Македонија играше со фудбалер помалку поради досуден црвен картон на Димитриевски. Во 74. минута гостинскиот играч Кварацквелија постигна погодок за 1-0 за Грузија. Тој прецизно ја погоди мрежата на Македонија за водство на Грузија. 

Во судиското надополнување, Македонија избегна пораз. Досуден пенал откако беше фаулиран Зајков. Сигурен изведувач на ударот од белата точка беше Алиоски кој прецизно ја погоди мрежата, и донесе бод за Македонија, со кој нашата репрезентација остана на првото место во групата и заедно со Грузија има по шест бода. Ерменија има пет, Естонија два бода.

 

0 Коментари

Остави коментари