Македонија се повеќе ги чувствува последиците од климатските промени

Обилните врнежи од дожд изминативе денови  кои направија огромни штети низ градовите се и како резултат на силните климатските промени на кои државава години наназад е на силен удар.

Екологистите велат и во иднина последиците од нив  ќе продолжат а ќе донесат многу поплави и сушни периоди.Затоа потребни се големи инвестиции за заштита на луѓето и економијата. 

Најсилно погоден деновиве беше Југозападниот регион т.е градовите Кичево и Охрид каде под вода беа цели домови,дворови,подруми и гаражи.Но за среќа ситуацијата низ целата држава полека се стабилизира информираат од ЦУК. 

Позитивната страна од дождовите е дека се наполнија езерата поточно Преспанското на кое  во периодот од ноември 2025 година до почетокот на јануари оваа година, водостојот му пораснал за 48 сантиметри.

Научните анализи за иднината на Преспанското Езеро беа песимистички, но, сега, по подолго време, со најновиот пораст, иако сè уште далеку од посакуваното ниво, сепак внесува умерен оптимизам за езерото.