Македонија прв пат бира директор на АНБ како земја членка на НАТО - кој ќе ги исполни критериумите?
Македонија ќе бира директор на АНБ прв пат откако е членка на НАТО и токму поради овој факт - изборот на наследникот на Виктор Димовски кој заминува како амбасадор во Париз ќе се следи внимателно, велат за ТВ 24 дипломатски извори.
Според дипломатите тоа не значи дека тие ќе се мешаат во изборот на наследник на Димовски, но секако дека новиот директор ќе треба да биде личност која ќе ја претставува земјата членка на НАТО.
А кој од потенцијалните кандидати Зарко Милошоски, вработен во АНБ, Оливер Лукаровски вработен во БЈБ или Зоран Ангелоски актуелен директор на ота исполнува овие се чини најклучни критериуми. Според информациите на ТВ 24 од владин функционер се очекува премиерот Димитар Ковачевски да пресече надоцна за две недедели. Сепак, според неофцијалните информнации на ТВ 24 за сите тројца профили Ковачевски и дел од најблиските соработници дебатирале во неколку наврати.
Според истиот владин функционер на контото на зарко милошоски оди фактот што е дел од АНБ, искусен разузнавач, кој вели ималк контакти и со пријателските служби на НАТО, но и позитивни икустав.она за кое што дел од фунцкиционерите на СДСМ, но и јавноста имале дилеми е фактот што Милошоски станува началник во поранешната управа за безбедност и контраразузнавање во 2007 година, кога директор е Сашо Мијалков.
Според информации на ТВ 24 од СДСМ, Милошоски е фаворит на генералнот секретар на СДСМ и екс директор на УБК Миле Зечевиќ. На контото на Милошоски оди неговиот сертификат за ветинг, но и од обвинувањата на опозицијата дека како дел од АНБ треба заедно и со останатите да си поднесе оставка за скандалот со Онишченко.
Солидна диплсоматска соработка сообено при формирањето на ота во која учествувале и меѓународни експерти се дел од профилот на директорот на ОТА Зоран Ангелоски попознат како Џиџи. Според владини извори токму доброто искуство што владата го има со Ангелоски во ота, а и позитивните оценки од меѓународниот фактор е доказ зошто Ангелоски треба да остане во ОТА.
Оливер Лукаровски актуелен началник во БЈБ за крмиминалистичко разузанавње и безбедност. Во неговиот профил од владата му забележале мамалку разузнавачко искуство, но и недоволно дипломатска соработка. Лукаревски зад себе ја има поддршката на министерот Спаосвски, но и Сашо Тасевски, као и дел од соработниците на Ковачевски.
Партските игри, искуството, дипломатската соработка со разузнавачките служби на земјите членки на НАТО, што ќе пресуди за да се одбере наследникот на Виктор Димовски во АНБ, ќе се знае наскоро.

