Mакедонија против Косово пред празни трибини
Foto

Mакедонија против Косово пред празни трибини

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово од лигата на нации најверојатно сепак ќе се игра без присуство на публика, тврди францускиот спортски весник „Л’екип“. Според весникот, наскоро се очекува УЕФА да ја официјализира одлуката натпреварите да се без публика.

Натпреварот досега на двапати беше откажуван, а според третата промена на терминот, репрезентациите на Македонија и Косово треба да се соочат на национална арена „Тодор Проески“ во Скопје на 8 октомври.

0 Коментари

Остави коментари