Македонија подготвува терен за 5г технологија
Foto

Македонија подготвува терен за 5г технологија

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во владата на САД Кеит Крач потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5g технологии.

 

Премиерот нагласи дека со Меморандумот РСМ и САД ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со спроведувањето на 5G технологијата која, како што рече, е во согласност со нашиот национален оперативен бродбенд план што го усвоивме минатата година како наш стратешки документ за новата ера на дигитализацијата на земјата.

Тој посочи дека имајќи ги во предвид предностите на безжичната комуникација од петтата односно 5G-технологијата овој Меморандум за соработка е од витално значење за идниот просперитет на нашата земја од економски аспект, како и за националната безбедност.

Премиерот посочи дека РСМ и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5G-базите земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат 5G-мрежите од неовластен пристап на трети страни.

Крач упати благодарност до Заев за, како што рече, неговата визија, лидерство и пријателство. Тој нагласи дека мрежите ќе бидат од витално значење за економски просперитет и стабилност во регионот. Посочи дека неговата мисија е да донесе што е можно повеќе приватни инвестиции во РСМ.

0 Коментари

Остави коментари