Македонија Ѓорче Петров и Струга рано си дадоа по еден гол и застанаа
Foto

Македонија Ѓорче Петров и Струга рано си дадоа по еден гол и застанаа

Дуелот на Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум од 17-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, заврши со нерешени 1:1, иако почетокот најавуваше многу поголема ефикасност.

Стружани дадоа гол уште во својата прва акција, по неполни 20-тина секунди, а стрелец беше Османи. Домашните брзо се созедоа од шокот, и преку Бразилецот Паду, израмнија на 1:1 во седма минута. Се покажа дека тоа ќе биде и конечен резултат.

Сега „лавовите“ од Ѓорче се привремено четврти на табелата, тие се тим со најмногу (осум) нерешени игри сезонава. Струга е шеста и има ист број бодови со Македонија Ѓ.П. Другите мечеви од ова коло во првата лига се играат утре.

0 Коментари

Остави коментари