Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност. На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „ЗА“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со којачна процесот на создавање независна македонска држава и воспоставување сопствени институции, дипломатска мрежа, безбедносен систем и економски политики.

Три и пол децении подоцна, 35 години независност сведочат за долг и турбулентен пат исполнет со политички пресврти, безбедносни предизвици, тешки компромиси и борба за меѓународна афирмација. Историјата на независната држава е приказна за градење институции, зачувување на стабилноста и остварување на стратешките цели. Еве како изгледаше тогаш прогласувањето на независноста на 8 септември 1991 година.