Македонија одбележа 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со Панихида и присуство на голем број делегациии одбележана 153 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Државниот врв, власта и опозицијата но и партиите од албанскиот политички блок положија цвеќе на гробот кај црквата Свети Спас но и со порака Гоце Делчев е македонскиот великан и дел од македонскиот идентитет.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова иако положи цвеќе на гробот кај црквата Свети Спас клучните пораки ги испрати од Штип.

На чествувањето присуствуваа и делегации од амбасадите во земјата , невладини организации здруженија но и парламентарните партии од власта и опозицијата . Дека идеологијата на Делчев треба да биде пример за сите нас порачаа и претставниците на делегацијата на Европскиот Фронт.

По повод чествувањето од 153 годишнината од раѓањео на македонскиот револуционер Делчев сообраќајот во главниот град претпладнево беше под посебен режим со засилено полициско обезбедување и без било какви инциденти.