Македонија на врвот во регионот по бројот на смртни случаи
Foto

Македонија на врвот во регионот по бројот на смртни случаи

Бројот на починати пациенти во државата го надмина бројот 300 . Во изминатото деноноќие битката со коронавирусот ја загубија 4ца пациенти, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, со што вкупниот број на починати достигна 302.

Вчерашниот ден, 29 јуни е најцрниот ден во Македонија од почетокот на пандемијата. 12 починати како последица од коронавирус за само 24 часа . Најмладиот од нив , на само 49 години.

Според министерот, зголемениот број на смртност се должи на задоцнетото јавување на пациентите на болничко лекување, и дури 50 проценти од смртноста настанува по првите неколку дена од приемот во болница.

Бројот на хоспитализирани пациенти во Македонија изнесува 414.

Само во последното деноноќие во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти заразени со корона вирусот, а според директорот на болницата, д-р. Христијан Костов, тие се донесени во најтешка, животозагрозувачка состојба, пациенти со ниска сатурација, кој буквално се борат за да земат воздух. Во моментов 12 пациенти се на механичка вентилација, 5 пациенти се на режим на дишење. И според др Костов клучно е навремено да се јават пациентите на лекар.

„Верувајте дека ниту еден пациент не е поставен на механичка вентилација ако за тоа немало потреба. Доколку не го поставите, во истиот момент ќе заврши фатално. Со тоа му се дава шанса да му се продолжи животот. Со 20 сатурација, мора да го вклучите на респиратор. Апелот е кога ќе се јави првиот симптом да се јават на лекар.“ - вели д-р. Христијан Костов.

Бројот на заразени и понатаму продолжува да расте. Во последните 24 часа од направени 1140 тестирања, регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјата достигна 6334, од кои активни се 3557.

Највисок број на заразени досега се забележани на 13ти Јуни, 196 ковид дијагностицирани . Скопје е високо на скалата по бројот на заразени и активни случаи. Од почетокот на пандемијата до денес, во главниот град се заразија 3071 лице , во моментов активни од нив се 2007.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше и 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Ресен тројца и по еден пациент во Штип и Битола. Досега оздравеа 2475 лица.

Според последната статистика на министерството за здраство, 1098 од заразените се постари од 60 години, а речиси 1000 од вкупниот број зарзаени на возраст од 30 до 39 години. Според официјалната статистика на министерството , 500 од заразените се на возраст до 19 години. 51 процент од болните со ковид 19 припаѓаат на женската популација.

0 Коментари

Остави коментари