Македонија на внатрешно-политички план во 2023 година
Игра на тронови, нерви и политички калкулации. Годината почна со барање за предвремени избори а заврши со договор за заеднички избори претседателски и парламентарни во редовен термин . Ковачевски и Мицковски од лути ривали кои излегуваа со различни заклучоци од првата лидерска летово па се до евентуални технички коалициски партнери во најава за Пржинската влада .
Не изостана ниту годишното обраќање на шефот на државата Пендаровски пред народните избраници кој таму кај што требаше да искритикува критикуваше а каде требаше да се извини кажа дека не е безгрешен .
Собранието како и до сега црно бела табла во која копјата ги кршеа претниците како шаховски фигури за да се дојде до шах мат позиција со цел нивниот крал кој го претставуваат да издоминира за по некој политички поен . Од обвинувања за провокации и недолични дофрлања до крешење на екрани , удирање печати со кондури .
Па бидејќи законодавниот дом стана тесна арена за мерење на силите битката за докажување на тоа кој е поголем патриот и опозиционер се префрли и во подрумските простории .
А предновогодишната магија не би била вистинската ако Дедо Мраз не ни го спакуваше и новиот технички премиер . Од поет кој на најтивок можен начин го демонстрираше својот бојкот преку гласноговорник и доктор за местење на прсти и зглобови па се до иден технички премиер И додека власта и опозицијата се обвинуваа за тоа кој е поголем кочничар на реформските процеси главниот суд ќе го донесе народот во годината што доаѓа на следните избори .