Македонија на светскиот врв по смртност од ковид 19, последната недела починале 201 пациент
Foto

Македонија на светскиот врв по смртност од ковид 19, последната недела починале 201 пациент

Северна Македонија е првата земја што што се појавува, при пребарување за смртноста од КОВИД 19. Земјава е на врвот на сите листи по бројката на починати. Тоа го потврдуваат и извештаите на министерството за здравство.

Само изминатава недела двесте македонски граѓани починале од КОВИД. Не само што се поголем број на млади ја губат битката со вирусот туку се бележи и пораст на бројот на починати во домашни услови.  

 

ПОЧИНАТИ ОД КОВИД 13 -19 септември 

13 септември – 18 

14 септември – 30

15 септември – 32

16 септември – 28

17септември – 29

18 септември – 41 

19 септември – 23

Поранешниот заменик министер за здравство д-р Илир Љума вели дека бројките се загрижувачки и  ако ситуацијата продолжи да се влошува - како земја со највисока стапка на смртност, Министерството за здравство вели треба да размислува да бара и меѓународна помош во справувањето со здравствената криза.

„Ако продолжува ова вака следните два три месеци јас милам и еве нека служи како предлог Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести треба да се обратат до меѓународните инситуции до Светската Здравствена Организација или до други европски земји да има помош или увид на кој начин се лекуваат болните во тие специјализирани ковид центри. Постојат екипи посебно во европските земји кои имаат сепцијализирани тимови кои може да помагаат не само за Македнија туку и за друигите земји кои се соочуват со ваков висок број на починати луѓе од ковид 19“. - вели вели д-р  Илир Љума поранешен заменик министер за здравство.

Според д-р Љума фактор за смртноста е и несоодветниот третман и следење на пациентите со хронични болести, за што вели министерството мора под итно да нарпави некаква стратегија за подобрување на општото здравје на популцијата.

Како причина го наведува и тоа што пациентите доцна се дијагностицираат со вирусот и не се третираат навреме. Нешто за што вели дека Министерството за здравство не обрнува внимание како се одвиваат работите на терен и со какви проблеми се соочува примарното здравство. 

 „Министерството за здравство треба да ги мобилизира сите матични ординации каде што работат матичните лекари, да им се даде можност со поголем капацитет да работат за да ги детектираат навреме случаите на инфекција уште на почетокот, да не се прават прегледи и да не се ординира терапија по телефон, стриктини протоколи за третман на ковид и третото државата да обрне внимание на превенцијата и навремено откривање на хронично болните и генерално на целата популација.“ - вели вели д-р  Илир Љума поранешен заменик министер за здравство.

Наспроти предупредувањата и укажувањата на фелата, министерството за здравство за високата смртност причината за виоската смртност и натаму ја лоцира кај пациентите за кои тврди дека доцна барале лекарска помош.

ТВ 24 денеска упати конкретно прашање до министерството за здравство. Што преземаат во насока на намалување на смртноста од КОВИД во земјава, но од таму само ги повторија досегашните изјави дека најголем дел од починатите биле со коморбидитети и невакцинирани, а дека државата Од почетокот на панедмијата има унифицирано лекување на пацинетите со ковид.

0 Коментари

Остави коментари