Македонија на денот на Европа: Далеку од членство, блиску до политички кавги
Мицкоски е за евроинтеграции, но не по цена на идентитетот, додека Филипче има став дека се потребни уставни измени за влез на Македонија во евроатлантското семејство. Денот на победата над фашизмот повторно ги подели власта и опозицијата.
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со голема фрустрација поради препреките и неразумните спорови на евроинтегративниот пат, кој, според него, останува единствен, но не по цена на идентитетот.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека земјата мора да ги спроведе уставните измени како клучен чекор во евроинтегративниот процес, додека ставот на премиерот Мицкоски го оцени како категорична лага со која, според него, власта ја држи државата изолирана од Европа.
Евроамбасадорот Михаел Рокас порача дека само со реформи и решителност земјата ќе стане дел од европското семејство, нагласувајќи ја стратешката важност на проширувањето на Европската Унија за долгорочен мир, просперитет и безбедност.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во видео обраќање истакна дека местото на македонските граѓани е во европското семејство и дека сега е време да се преземат клучните чекори за членство во Европската Унија.
Со честитка се огласи и Претседателот на Собранието Африм Гаши кој истакна дека Македонија останува непоколеблива во својата ориентација кон европска интеграција....

