Македонија на 57. место според индексот на слобода на медиуми на репортери без граници
Foto

Македонија на 57. место според индексот на слобода на медиуми на репортери без граници

Нереформиран јавен сервис, недоволна безбедност при работата, делумно ослободување на медиумите. Ваква е сликата во новинарството и овој трети мај, светскиот ден на слободата на медиумите.

Новинарските здруженија реагираат, властите декларативно се за, но веќе пет години не ги гласаат измените во кривичниот законик, со кои напад врз новинар би требало да се смета за напад врз службено лице. 

Претседателот Стево Пендаровски, кој беше еден од организаторите на настанот по поводот денот на слободата на медиумите побара институциите навремено да реагираат на случаите поврзани со напади врз медиумските работници.

Според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, не е доволно да се каже дека во Македонија има поголема слобода на говорот, бидејќи медиумите често се зависни од политички или бизнис центри на моќ

И претседателот на ССНМ, Павле Беловски со став. Слободата на медиумите и независната уредувачка политика не се можни без социјална правда и фер и достоинствени услови за работа. 

На денот на слободата на медиумите и Репортери без граници излегоа со извештајот, според кој Македонија има скок од 33 места, од 90 на 57 место, но по нова методологија. Економскиот контекст според овој извештај, е во тешка состојба, поради економски притисоци, гранови за опстојување, а не за унапредување, но и притисоци поради економската состојба во медиумите.

0 Коментари

Остави коментари