Македонија меѓу европскиот замор од проширување и внатрешната поделеност за тешките одлуки

EУ и Македонија не смеат да ја направат повторно истата грешка со која би се закочиле евроинтегративните процеси на земјата порачува и денеска државниот врв откако шефот на државата Пендаровски и денеска испрати пораки дека поддршката за членство во ЕУ опаѓа кај македонските граѓани но и кај земјите од регионот кои не се членки а претендираат да бидат.

Премиерот Ковачевски пак од Братислава со директна порака до ЕУ дека со последното вето за Македонија направила голема грешка а земјата пак и натаму ќе се стреми на патот на евроинтегративните процеси кои подразбираат и добрососедски односи а во пресрет и на внесувањето на бугарите во преамбулата на уставот.

И додека процедурата за уставни измени полека но сигурно влегува во полн ЕК и без обеазбеденото дво третинско мнозинство за кое е неопходна поддршката и од опозициските партии помалите владини коалициски партнери и денеска велат безусловно ќе го поддржат овој процес откако од ВМРО НП во своето соопштение наведува.

- Сметаме дека со овие предлог уставни промени конечно Северна Македонија ќе добие избалансиран Устав кој во никој случај не го загрозува идентитетот, кој ќе не ослободи од багажот и потешкотиите со кои се соочуваме веќе години наназад, а притоа и ќе ни го отвори патот кон Европската унија.

И од ДС денеска се јавија со реакција наведувајќи

Колку се зголемува притисокот, двојно повеќе се зголемува отпорот кај граѓаните за уставни промени под диктат на Бугарија и без реципроцитет и избалансиран притисок врз Софија за признавање на основните права на Македонците во Бугарија на здружување и негување на културните, јазичните и другите особености.

Во меѓувреме нема отстапувања на партиските ставови ниту кај ВМРО-ДПМНЕ ниту кај Левица. Од најголемата опозициска партија стојат на нивното партиско гледиште дека во овој владин состав нема да има никакви уставни измени иако Мицкоски вели ќе појде на лидерска кај Ковачевски.

Собранискиот спикер Џафери пак и вчера на брифингот со новинарите потенцираше дека не зависно од тоа дали ќе има консензус или не помеѓу партиите иницијативата ќе ја пушти во собраниска процедура со сите запазени рокови во истиот момент кога ќе пристигне во законодавниот дом.