Македонија ќе бара отштета од Бугарија ако треба да плати такса за увоз на гас кој транзитира

Дали е на повидок нов проблем на земјава со Бугарија? Македонската влада со барање до Софија да го ослободи капацитетот на постоечкиот гасовод кој е и еднистевниот за влез на гас во земјава со кој се поврзуваме. Барањето е испратено до Софија, но и до ЕУ.  Министерот Крешник Бектеши најави дека нема да прифати уловувања. Доколку  не се прифати земјава може да се соочи со нов ценовен шок. 

-Да дека ќе направат напори да ги ослободат тие капацитети и ние ги очекуваме нивните одлуки. Во случај ако не бидат ослободени моменталните капацитети што ги имаме ќе ги користиме и секако дека ќе бараме дополнителни оштетувања од страна на чинителите. Зошто – затоа што ние бараме само ослободување на капацитетите. Ние не се мешаме во нивната фискална политика. “-изјави Крешник Бектеши – министер за економија.

Иако со оваа одлука се опфатени и Србија и Унгарија, спред министерот тие сепак имаат можност да бобијат гас и ид други места, додека со нас случајот не е таков, поради што тој се надева дека Бугариха тоа многу добро го знае. Се крои новата цена на парното, која треба да се знае до крајот на месецов. Се чекаат и  ажурираните податоците од компаниите во однос на трошоците, пред да биде донесена новата цена.

- На нашата одлука нема да има ревидирање. Согласно податоците кои ги имаме во текот на минатата недела имало тендер за набавка на природен гас од страна на ЕСМ и цената на природниот гас е да речеме во рамки на очекуваното, вели Марко Бислимовски- Претседател на Регулаторна комисија за енергетика. 

Покрај Гасоводот со кој Македонија е поврзана со Бугарија кој е единствената можност за земјава за снадување со гас, има и најави од државата дека до крајот на годината ќе се почне и со изградба на гасовод кон Грција. Инаку данокот за руски природен гас кој се испорачува преку територијата на Бугарија, е воведен на почетокот на минатата недела. И изнесува 20 бугарски лева или нешто над 10 долари по мегават час.