Македонија ја „спушта граничната рампа“ со Србија
Foto

Македонија ја „спушта граничната рампа“ со Србија

Спуштање на граничните рампи за граѓаните на соседна Србија и Косово, како одговор на сериозноста на состојбата и неконтролирано ширење на коронавирусот. Оваа одлука утре ќе се најде на маса пред Комисијата за заразни болести, информираат од Министерството за здравство. 

Оттаму велат дека Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.

Во текот на вчерашниот ден на српските туристи кои преку граничниот премин Богородица се упатија кон Грција им беше соопштено дека им се забранува влез во земјата преку граничниот премин Евзони, при што тие беа пренасочени на бугарско – грчкиот премин Промахонас Кулата.

Оваа одлука на грчките власти ќе се применува најмалку до 15ти јули.

И на македонските државјани им се спуштени рампите за влез во земјите членки на Европската Унија, но според министерот за надворешни работи Никола Димитров, не станува збор за политичка одлука, туку се должи исклучиво на епидемиолошката слика.

Според министерот Димитров, колку повеќе граѓаните се придржуваат до мерките односно носат маски и држат дистанца, толку побргу ќе се подобри епидемиолошката слика и ќе бидат отворени сите граници за влез македонските државјани. Тој дополни дека во препораката на ЕУ во однос на отворањето на границите за земјите кои не се членки на Унијата, клучен критериум е да бидат регистрирани до 20 нови случаи на КОВИД-19 на 100.000 жители за 14 дена. 

Европската Унија пред три дена ја објави листата земји на чии државјани од 1 јули им е дозволен влез во ЕУ. Македонија не е на таа листа. Следната шанса за кревање на граничните рампи е на 15ти јули.

0 Коментари

Остави коментари