Македонија и Скопје на + 40 степени

Нов топлотен бран ја зафати Македонија со температури кои надминуваат над 34 степени. Жештините го зафаќаат цел регион а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела. 

Екипата на Телевизија 24 направи обиколка низ Скопје, каде што речиси празните улици сведочат дека граѓаните ги избегнуваат најтоплите часови од денот. Оние кои мора да излезат, внимателно се заштитени –  со себе носат шише вода и одмараат на некоја клупа под сенка во парковите.

Велат дека иако виоските температури им го отежнуваат секојдневието сепак максимално се трудат да се справат со топлината.

 

Докторите од итната медицинска помош велат дека секојдневно добиваат повици за интервенција од граѓани кои потешко ги поднесуваат температутните промени. Оттаму советуваат да не се излегува од дома во периодот кога температурите се екстремно високи, да се пијат повеќе течности и да јаде лесна храна. 

 

Ние имаме постајно повици за топлотниот бран за симптоми што ги чувствуваат пациентите и каде што може да се помине со совети се поминува но онаму каде што на јавно емсто кога имаме колапси тогаш имаме ние потреба да интервенираме на лице место. Да се конзумира лесна храна, да се земаат повеќе течности, да не се излегува за време на жешкото доколку не е итно.

ОД УХМР пак упатуваат смирувачки пораки. Според нивните анализи намалување на температурата се очекува во средината на наредната недела.

 

Локална појава на нестабилност ќе оима и во првите два дена од наредната седмица. Во среда и четврток ќе дува северен ветар кој ќе предизвика намалување на температурата.

Порди топлотниот бран а на предлог на Министерството за здравство, Владата, пак донесе препораки за граѓаните со цел полесно справување со високите температури.  Оттаму препорачуваат да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, да се одложи работниот процес во период од 11 до 17 часот, како и да се обезбедат  микроклиматски услови за работа од страна на работодавците.

Рекордно високи температури и до 46 степени  деновиве се забележани и во Франција, Шпанија, Португалија, Италија и Германија. Властите воведуваат мерки за заштита во дел од поголемите градови. Слична е ситуацијата ина Балканот. Албанија, Хрватска, Србија и Бугарија се соочуваат со температури и до  над 40 степени.