Македонија и Косово се скараа поради компирите, медот, икрата и рибниот подмладок
Foto

Македонија и Косово се скараа поради компирите, медот, икрата и рибниот подмладок

На повидок ли е трговска војна меѓу Македонија и Косово откако соседната држава забрани увоз на компир и мед од наша страна. Кои мерки и чекори ќе ги превзедат надлежните ќе се знае во понеделник откако ќе се состанат министерот за економија Бектеши, Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство Атанасов, и министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство информираше денеска ресорниот министер Трајан Димковски.

Косово оваа мерка ја објави како реципрочна откако Македонија забрани увоз на рибен подмладок и икра од Косово . Министерот денеска објаснуваше дека се работи за сертификати кои ги бара ЕУ односно дека соседна република Косово не спроведува момниторинг од тие причини била донесена ваквата одлука.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска со обвинувања до ресорното министерство, но и министерот Димковски за како што велат погубните политики во овој ресор.

Реакцијата на опозициската партија доаѓа по денешната пресконференција на министерот за земјоделство Димковски кој пак се пофали со раст на откупните цени и извозот на земјоделски производи.

Повикувајќи се на официјалните податоци од ДЗС тој истакна дека минатата година е забележан значителен пораз на врдноста на извозот на клучните земјоделски производи. Така на пример во 2018 година извозот на конзервиран зеленчук изнесувал 41,4 милиони евра, а во 2017 година 38,9 милиони евра, што е пораст за шест отсто.

Според овие податоци исто така минатата година споредено со 2017 година за 17 отсто е зголемен извозот на флаширано вино или од 21,8 милиони евра во 2018 било 25,5 млиони евра. Во делот на овошјето, се забележува значителен пораст на извозот на праски и нектарини од 16 проценти, а за 11 отсто е пораснат извозот на трпезно грозје.

0 Коментари

Остави коментари