Македонија и Косово не ги отстранија трговските бариери
Foto

Македонија и Косово не ги отстранија трговските бариери

Министерот за економија Крешник Бектеши не ги разубеди косовските власти веднаш да ја повлечат забраната за увоз на македонски компири и мед. По средбата со неговиот колега, министерот за трговија Ендрит Шала, Бектеши не дава директен одговор кој победи во овој трговски спор, но вели дека е постигнат договор со Косово.

Властите во Приштина ќе ја тргнат забраната за увоз на македонските производи, откако тие ќе ги обезбедат потребните сертификати за рибниот подмладок и икри.

Македонските власти кои денес беа во Приштина немаат објаснување зошто тие забранија токму увоз на компири и мед. Не даваат временски рок кога трговијата може да се нормализира.

Македонија ги бара потребните сертификати од Косово зашто се подготвува за извоз на риба на Европските пазари, каде треба да се приложи комплетна документација за следењето на рибите, од нивниот зачеток, до трпезите на европејците. Македонските политичари уверуваат дека земјата не губи многу од овој трговски спор со Косово.

Таму годишно се извезува од 40 до 1.000 тони компири. А официјалните податоци покажуваат дека извозот на мед во 2018 година е во вредност од половина милион долари, додека во првите пет месеци од годинава изнесувал двесте илјади долари. Но и дека македонскиот мед не зависи од овој пазар, зашто тој е сертифициран за целиот свет.

Но трговијата со Косово е важа за нас зашто е една од ретките каде има суфуцит, односно Македонија извезува многу повеќе отколку што увезува од Косово.

0 Коментари

Остави коментари