Македонија и ЕУ - сага без крај

Неевропско, иритирачки и опасно е однесувањето на Бугарија кон Македонија, вели Чарлс Пауел, директор на шпанскиот кралски институт, за ТВ 24. Порачува дека во очите на европските граѓани, Софија остава депримирачка слика за Западен Балкан и дека тоа го користат Русија и Кина.

Чарл Пауел дир. Кралски институт „Елкано“ Шпанија – Бугарија е под голем притисок од Брисел и од други земји членки на ЕУ. Самите Европејци се разочарани, кога гледаат , како земји членки се вртат против своите соседи и наметнуваат мерки кои се понекогаш - драконски. Тоа е многу неевропејски. Замислата на ЕУ е постнационална, постсуверена организација. Разочарани и иритирани, сме , кога гледаме како некои земји-ленки се однесуваат. Опасно е. Русите и Кинезите не мируваат.

Пауел вели дека ставот на Мадрид кон Скопје, нема да се смени и по промена на власта. И порача на македонската опозиција дека нема да може да издејстува подобра преговарачка рамка со ЕУ и дека земјата треба да ја зграби можноста за членство со ЕУ, пред да биде доцна. Испрати порака и до Ахмети - дека е избрзано да зборува во јавноста дека Македонија ќе стане дел од ЕУ за 3 до 4 години.

И вицепремиерот Маричиќ, му порача на коалиционерот Ахмети дека треба да биде реален.

Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања – Добро е да бидеме оптимисти, но треба да бидеме и реални . Владата зацрта цел до 2030та да станеме земја членка. 3-4 години е премногу скоро, но за 3 до 4 години можеме многу да се поместиме во преговорите со ЕУ, доколку работиме и доколку ЕУ зацрта агенда.

Директорот на Преспа Институтот, Андреја Стојковски, не ја коментираше изјавата на лидерот на ДУИ, но сподели лично искуство.

Андреја Стојковски Институт Преспа – Присуствував на последната рунда разговори за Спогодбата за стабилизација и асоцијација и еве 23 години подоцна и покрај сите надежи дека ќе бидам државјанин на ЕУ и ќе работат во држава членка на ЕУ, тоа не се случило.

Али Ахмети, вчера, повикувајки ја опозицијата да крене рака за промена на уставот, го стави членство во ЕУ на брза трака.

Али Ахмети ДУИ - Ако некогаш сме мислеле дека ќе ни требаат 10 години за членство во ЕУ, сега јас верувам дека за 3-4 години ќе бидеме членка на ЕУ, бидејќи и околностите се сменија во полза на тоа овој пат да се забрза.

Шпанските претставници во земјава, овие два дена, кажаа дека во Шпанија има голем простор за разбирање на македонскиот случај и изјавија дека премиерот Педро Санчез лично се ангажирал во помагањето на евроинтегративниот пат на Макеоднија кон ЕУ, но и дека државата мора да си ја заврши домашната задача.