Македонија и Бугарија склучија договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8
Македонија и Бугарија ставија параф на договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 за директната железничка врска меѓу Скопје и Софија.
Двете држави се обврзаа да се усогласат околу техничките и финансиските аспекти за проектот и да обезбедат грант-помош за изградбата на Коридорот да биде според евопските стандарди. Тунелот е планирано да биде долг околу 2,4 километри, од кои 1.189 метри на македонска и 1.193 метри на бугарска територија.
Пругата Скопје-Софија, чија изградба е почната во 1994 година, се гради во три фази, а проценките на надлежните институции се дека со неа ќе се зголеми товарниот превоз за над 30 проценти, а патничкиот сообраќај за 20–25 проценти во првите години по изградбата. Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете држави на Коридорот 8 беше потпишан во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, САД, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и на Светска банка.

