Македонија го слави 23 октомври-денот на револуционерната борба

Можно ли е искра од брнот немири кои ја зафати Европа но и земјите во соседството да се префрли и кај нас - премиерот Мицкоски во својот говор по повод денот на Македонската револуционерна борба предупреди на можен обид за дестабилизација во државата но и структури за ситни политички поентирања кои се подложни на такви влијанија.

Во услови кога светот гори Мицкоски порача дека се помалку се слуша разумот а расте насилството во различни облици .

 

Мицкоски осврнувајќи се и на евроинтегративните процеси на државата посочи дека местото на земјата е да седне на иста преговарачка маса со сите земји членки каде ќе може јасно и недвосмислено да ги изрази своите ставови и дека патеката која ја трча оваа власт не е на кратки стази туку долг маратон. Не пропушти прилика да испрати порака и до официјална Софија дека духовите од минатото кои Бугарија особено ги разбуди по влегувањето во ЕУ нема да бидат алиби за Македонија да се откаже од своите револуционери и историја

 

На свечената академија под мотото „Свои на своето „ на која се одбележува празникот 23 Октомври како ден на Македонската револуционерна борба но и основањето на ВМОРО во 1893 та премиерот се осврна и на економијата, економскиот раст, изградбата на коридорите , далекуводот но и сите активности и предизвици пред кои земјата е исправена укажувајќи на тоа дека политиката не е игра на мускули туку шах каде се бара трпение истрајност и мудрост. На свечената академнија присуствуваа министри, функционери, поглаварот на МПЦ , претставници на ИВЗ но и симнпатизери и членови на партијата.