Македонија ги загуби шансите преку Лигата на нации, Грузија во плеј-офот за ЕП 2024

Во претпоследниот петти натпревар од групата „4“ од Лигата „Ц“ во Лигата на нации македонската А репрезентација загуби вечерва во Тбилиси со 2:0 од Грузија и на тој начин загубени се и теоретските шанси за освојување на првото место во групата.

Во првото полувреме имавме повеќе контрола на топката, бевме поблиску да постигнеме гол, но немаше реализација. Првата убава шанса ја имавме во 10 минута преку Спировски кој упати силен удар од околу 20-25 метри, но успешно одбрани грузискиот чувар на мрежата, Мамардашвили.

Домаќините не правеа преголем притисок на нашата половина, ни дозволуваа повеќе да имаме од играта, повторно се заканивме преку Спировски (21`), но и овојпат Мамардашвили излезе како победник. И три минути подоцна имавме шанса, Барди сакаше да ја затресе грузиската мрежа, но и тој беше неуспешен.Во претпоследниот петти натпревар од групата „4“ од Лигата „Ц“ во Лигата на нации македонската А репрезентација загуби вечерва во Тбилиси со 2:0 од Грузија и на тој начин загубени се и теоретските шанси за освојување на првото место во групата.