Македонија ги слави двата Илиндена

Разединети го чествуваме и овој Илилнден. И тоа не е ништо ново, иако е жално. На Мечкин камен во Крушево тензично и годинва.

Силно полициско обезбедување, свирежи, но и аплаузи, во ваков амбиент се славеше денес Илинден. Со почит и поклон пред вечното почивалиште на претседателот на Крушевската република Никола Карев во Македониумот на гумење во Крушево почна денешното одбележување на големиот илинден и на 119-годишнината од илинденското востание и Крушевската република.

Пред гробот на Карев цвеќиња и венци положи делегација на владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот од Крушево упати порака дека не постои поголем патриотизам од носењето на државнички одлуки.

- Илинденците со оружје во рака се бореле за ние денес да можеме да водиме други поинакви битки, за развој и просперитет на сите граѓани.