Македонија е делумно слободна земја, но политичарите биле задоволни?

Иако оценката во последниот извештај на „Фридом хаус“ е дека Македонија е делумно слободна земја, дел од првите луѓе на владиниот кабинет сметаат дека земјата го решително го трасира својот пат. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вели дека е задоволна, осбено поради фактот што пред две години „Фридом хаус“ ја оцени Македонија како заробена држава, а сега е делумно слободна.

- „За само две години да добиеме дека е делумно слободна е огромен скок за нашата држава и ако разговараме денеска со кој и да е во нашиот град, во нашата држава, ќе видите дека она кое што сме го вратиле е слободата на говор, слободата на мисла, слободата на движење. Граѓаните се чувствуваат послободно и тоа е многу важно за едно општество. Така што јас сум горда што оваа Влада им ја врати слободата на граѓаните да кажат се што размислуваат и да имаме дури и еден период катарзично празнење на различно размислување коишто им беа забранети во изминатите десет години.“ - изјави Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика.

Министерот за економија, пак, Крешник Бектеши, иако, како што рече не го разгледал целосно извештајот на „Фридом хаус“, смета дека земјава чекори напред кон зацртаните цели.

- „Јас не сум имал можност целосно да го погледнам извештајот, откако ќе го разгледнам ќе ви дадам конкретен одговор. Но, како што ви кажав и на почетокот, Република Македонија оди само напред, денеска го потпишавме протоколот за членство во НАТО и на тој ќе продолжиме. Очекуваме во јуни да имаме конкретен датум за да ги започнеме преговорите со ЕУ, за секое поглавје поединечно да ги исполнуваме критериумите кои што се бараат од најразвиените земји во светот.“ - изјави Крешник Бектеши – министер за економија.

Инаку, во последниот извештај на анализта на американската невладина организација, Македонија е делумно слободна земји која доби оценка 3 од вкупно 7. За политичките права оценета е со 4, а според граѓанските слободи со 3,5. Според „Фридом хаус“, земјава бележи само мал напредок во однос на овие две категории.