Македонија ден по прогласување на енергетска криза - банките и штедилниците први ги гасат светлечките реклами

Ден по прогласување на енергетска криза во земјава - од вечерва светлечките реклами на банките ќе бидат исклучени. Согласност за ваквиот повика дале сите банки и две штедилници кои се дел од Македонската банкарска асоцијација, велат оттаму за ТВ24.

Одлуката за гасење на светлечките реклами е во траење од 30 дена – колку што ќе трае и енергетската кризна состојба во земјава. 

„Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите.“ - велат од Македонска банкарска асоцијација.

Сепак рестрикции на ниво на државата прогласени од институциите за граѓаните и фирмите нема да има соопштија од Владата. 30 дена граѓаните мирно ќе спијат, но останува отворено прашањето дали околку Нова година сепак цената на струјата ќе се корегира. 

Енергетските компаниии за да ја одржат ликвидноста добија 65 милиони евра буџетски пари, но високите цени на струјата на светската берза, а намаленото домашнио производство според екпертите ќе води кон неминовен раст на цената. 

Дали растот ќе биде 7, 10 или повеќе проценти - во јавноста се лицитираат процентуалните зголемувања!?!? Првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски за ТВ24 вели прерано е да се зборува за цената на струјата.  

Од државната МЕПСО во попладневните часови за ТВ24 велат дека и денеска се повлечени мали количини на струја од европската мрежа. Се прават анализи на загубите, но иако немаат официјална фактура, досегашниот долг, велат  е нешто над 15 милиони евра. 

„Влечеме струја од европската мрежа, но во мали количини, што не е страшно. Сите капацитети на МЕПСО за пренос на елекртична енергија функционираат без никаков проблем.“ - велат од МЕПСО.

Од ЕСМ велат дека по активирање на Блок 1 во РЕК Битола, следната недела ќе се крене и вториот блок. Од државната компанија остануваат на ставот дека на 1 декември ќе стартува со работа и Осломеј, а се прави сценарио и за ТЕЦ Неготино. Но сега се отвора прашањето дали сегашната набавка на 900 илјади тони јаглен зкои беа за потребите на третиот блок во РЕК ќе бидат потребни, по прогнозите на дел од познавачите дека за негово кревање ќе биде потребен подолг временски период.  

Советникот за енергетикот на премиерот, Виктор Андов за ТВ24 вели состојбата во енергетскиот систем е последица на досегашното повеќедецениско недомаќинско менаџирање со енергетските компании и ресусрси. 

И денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност за состојбите. Енергетската криза која беше прогласена вчера на владина седница, ќе трае 30 дена.