Македонија да го подобри националниот механизам за алармирање за исчезнати деца

Зад секое исчезнато дете стои семејство, заедница и иднина која е прекината - тишината околу ова прашање е дел од проблемот - време е да се прекине, велат од невладината организација „Новинари за човекови права“. Исчезнатите деца не се невидливи деца.

Никогаш не треба да се заборават. Секое исчезнување на дете создава траума во семејството, а потоа и колективна траума во општеството. 

По повод Меѓународниот ден на исчезнати деца од невладиниот сектор потсетуваат на предизвици во националното алармирање за исчезнати деца. Целта е, како што посочуваат, да се дискутира за можностите и предизвиците во процесот на законско усогласување и потребни измени во насока на унифицирање на систем на национално алармирање за исчезнати деца.

Само колку за илустрација, во Европа, 250.000 деца се пријавуваат како исчезнати годишно – тоа е еквивалентно на исчезнување на едно дете на секои две минути. Од невладиниот сектор  повикуваат на заедничка севкупна алармантност по однос на ова прашање и следење на меѓународните пракси во обидот за спречување на исчезнувањето на децата. 

Само колку за илустрација, во Европа, 250.000 деца се пријавуваат како исчезнати годишно – тоа е еквивалентно на исчезнување на едно дете на секои две минути. Во Македонија постои системот за исчезнати деца „Најди ме“, во форма на веб страна, како еден вид Амбер Алерт систем. Функционира на македонски, албански и ромски јазик.